Канадскиот премиер бил казнет со 100 долари поради тоа што не пријавил дека добил подарок очила.
Според Си-Би-Ес, лани Џастин Трудо и неговата сопруга добиле на подарок од премиерот на канадската провинција „Принц Едвард“ два пара очила за сонце во кожени навлаки , а малопродажната цена на овој додаток е помеѓу 300 и 500 долари.
Локалното законодавство го обврзува премиерот во рок од 30 дена да ги пријави сите примени подароци чија вредност надминува 200 долари.
Трудо веќе ја плати казната.