Во завршни зборови пред судот обвинителката Вилма Рускоска побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им се изречат казни за делото терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.

16 те обвинети за кои е побарана ваква казна се: Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдулфета Аљими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски Ќосето, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митровски Кољо и Александар Василевски Нинџа.

„Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад.

Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставниот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото“, изјави Рускоска, пренесува НОВА ТВ.

SHARE

2 Коментари

  1. Da beshe Ruskoska prav obvinitel, prvo k’e gi obvineshe SDS(sever.)M za neustaven i nedelovnichi izbor na Taljat DHaferi, za koj nema ni zapisnik, ni butur, oti go glasaa so po 2 race i pak bez 61 pratenik, mislam predavnik. Da beshe Ruskoska prav obvinitel, prvo toa k’e go resheshe, a ne da goni patrioti koi sakaa da go zachuvaat Ustavot i koi ja peeja MAKEDONSKATA himna. POLITICHKO NASILIE, ete toa se sluchi, a toa se dokazha na glasanjeto za ustavni izmeni.

  2. ПОЧИТУВАНА ПУБЛИКО, АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ Е /СЕ/ ОКУПАТОРИ А КОЈ /КОИ/ СЕ ТЕРОРИСТИ??
    ЗНАЧИ ИМАЛО /ИМАШЕ/ ОКУПАТОРИ НА ДРЖАВАТА, НА УСТАВОТ, НА НАРОДОТ ВО СОБРАНИЕТО, ТОА СЕ ФАКТИ СО ХИМНАТА НА ИСТИТЕ, ГЛАСАЊЕ СО ДВЕ РАЦЕ, БЕЗ ЗАПИСНИК НАДВОР ОД ДНЕВНИОТ РЕД. КОИ СЕ ТЕРОРИСТИ, ДА ЛИ СИТЕ ОНИЕ КОИ БЕА ПРОТИВ ТАКВИТЕ НАСТАНИ А ВО ИНТЕРЕС НА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВОТ И СИТЕ ПРОТОКОЛИ КОИ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВО СОБРАНИЕТО!!?? ДА ЛИ СЕГА И СУДСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО ТЕРОРИЗАМ ПРОТИВ ТАКВИТЕ ЛИЦА КОИ САМО СО ЗНАМИЊА И ПЕЕЊЕ НА МАКЕДОНСКА ХИМНА САКАА ДА ПОКАЖАТ КОЛКУ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА, НАРОДОТ, ЈАЗИКОТ, ИСТОРИЈАТА, КУЛТУРАТА ПА ДУРИ И АХЕОЛОГИЈАТА!!

Оставете Коментар