„Кога очајни домаќинки мислат дека знаат медицина, најмногу страдаат нивните деца, но страдаат и умираат и најмалите, најстарите како и оние кои од разни други, воглавно медицински причини, не можеле и не можат да бидат вакцинирани“ пишува професоот на универзитетот Коломбија во САД.

„Медицината се студира 6 години, се специјализира уште толку и тие што дипломирале и знаат медицина, ги викаат доктори.

Индивидуален имунитет, колективен имунитет, инфективност на болеста не се само термини.

За да се разберат треба да се знае медицина, а тие што знаат медицина не поставуваат глупави прашања само затоа што ним им звучат логично“ пишува на својот Фејсбук профил Росоклија.