За ова зборуваше и Тимоние – Бомба на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Докази за партизирана администрација на избори од страна на СДСМ денеска излегоа во јавност.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ д-р Игор Николов, на денешната прес конференција, објави „бомба“ за криминалот на власта.

За време на претседателските избори СДСМ направи злоупотреба со тоа што функционери агитирале гласачи во јавни институции. Наместо за државта, функционерите на СДСМ работат за партијаат, обвини Николов.

ВМРО-ДПМНЕ објавија аудио снимка, која што е пуштена на Интернет, на која се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски. Снимката е од состанокот на ново вработените во прилепската болница.

– Тие директно им кажуваат и даваат задачи дека сите ново вработени со надомест за работното место, мора да истрчаат за партијата на изборите. – образложи Николов.

На снимката се слуша како граѓаните се принудувани да гласаат за Стево Пендаровски, со притисоци од страна на администрацијата.

Амбасадорот на Франција Тимоние неделава во два наврати зборуваше за партизирана администрација и мешање на државата со партијата.