Владата ќе ја големи платата на вицепремиерите за по 8.000 денари месечно.

Со измените на Закаонот за плати се зголемува и коефициентот за ресметување на платите на потпретседателите на владата од сегашните 3,70 на 4.

Со зголемувањето платите на вицепремиерите Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Радмила Шејкеринска и Бујар Османи ќе ги чини даночните обврзници дополнителни 482.620 денари на годишно ниво, пренесува ТВ.21.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски досега земаше најголема плата, од 92.299 денари, сега ќе зема повеќе од 100 илјади денари плата, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска од сегашните 79.150 денари, ќе добива плата од 87 илјади денари.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.