За пописот ќе се расправа – друг пат

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби денеска ја прекина седницата на која требаше да се расправа за Законот за попис на населението во 2020, иако опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оваа точка да биде симната од дневен ред.

Мнозинството членови на Косисијата го утврдија дневниот ред вклучително и точката за Законот за попис, но за неа ќе се расправата по политичките консултации рече Груби..

Владиниот предлог за Законот за попис предвидува во посебна графа да може да се евидентираат иселниците и тоа преку матични броеви, на што се противи ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија инсистираат Законот з попис да биде во согласност со препораките на европските и меѓународните стандарди за попис на неризидентно население.

SHARE