За пример: Дебар 45-ти ден без нови корона случаи

Дебар, првото жариште на коронавирус веќе 45-ти ден нема регистрирано новозаразени, а како што потврдуваат од Општата болница во Дебар, нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на вирусот, јавува Инфомакс.

Епидемилошката состојба е стабилна: Бројот на заразени останува 51 од кои две лица се од Центар Жупа. Излекувани се 47, а починати се четворица.

Според полициската статистика, во самоизолација се три лица кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници.