За професорката Наде Проева, „Северна Македонија“ е Тројански коњ

Историчарката Наде Проева, еден од водечките европски познавачи на Античка Македонија во текст за Нова Македонија најавува дека името Северна Македонија е тројански коњ.

Алудирајќи на разврската од Тројанската војна, таа најавува дека смената на името ќе предизвика катастрофален пораз во блиска иднина за земјава.

“Во времето на преговорите за преименување на Р Македонија бугарските државници изјавуваа дека за нив воопшто не е прифатливо името Република Северна Македонија, бидејќи делови од северна Македонија биле во Бугарија, та според тоа имало територијални претензии во истата онаа смисла како што според Грците имало името Македонија. Потоа наеднаш замолчеа, што кај нас од многумина беше сфатено како знак дека големиот брат ги присилил да замолчат. Преговорите завршија како што завршија, и „братјата Б’лгари“ повторно се огласија, што покажува дека веројатно станува збор за договорен грчко-бугарски сон за делење на Македонија: ние, неосвестениве Бугари да влеземе во Бугарија, а најзападниот дел во Албанија.

Очигледно на Балканот сѐ уште не се завршени Балканските војни, та така во годината кога се обележува стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, кога беше зацементирана поделбата на Македонија, продолжува негирањето на македонскиот јазик и народ. Така, Каракачанов отворено се закани дека ако сме инсистирале на македонски јазик, тоа ќе ја чинело Македонија членство во ЕУ. Според бугарските политичари, за жал и за поголем дел од историчарите, нема македонска историја зашто Македонците се Бугари. Соодветно на тоа, има само бугарска историја, и тоа треба да се испегла во македонските учебници од страна на политичка, пардон „експертска“ комисија предводена од доктор на историски науки што не прави разлика меѓу нација и држава, па во медиумите изјавува (13.12.2018) дека ние како најмлада нација на Балканот сме требале да направиме: „…поголеми отстапки за да се решеле спорните историски моменти со Бугарија… и сме морале да голтнеме кнедли за доброто и мирот на сите“. Притоа се повикуваше на аргументите на новокомпонираните историчари: „…aко сме се затвореле во национализам и етноцентризам, ако сме тврделе дека сме директни наследници на Александар Македонски (при што гласно се насмеа, без да каже во кој учебник го пишува тоа), иднината немало да ни биде светла.“ Од оваа изјава, која покажува елементарно незнаење (патем речено, најмлада држава, пардон, според докторот на науки, нација е Косово!), кристално јасно е дека наместо со историја напишана од научници, учебниците ќе бидат испишани со договорена, инструментализирана и фризирана историја”, смета професорката која е светски авторитет.

Целата анализа на професорката Проева на овој линк на Нова Македонија

Тројанскиот коњ Северна Македонија

SHARE

2 Коментари

  1. ДЛАБОКО СУМ РАЗОЧАРАН ОД ГОВОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ, ВО КОЈ НЕМА НИТУ ЕДЕН СПОМЕН ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТВНОТО ИМЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ООН!
    ТОЧНАТА ДИЈАГНОЗА ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, НЕ МОЖЕ ДА ПРЕТСТАВУВА АЛИБИ И ЗАМЕНА ЗА НЕ-ДЕЈСТВУВАЊЕ ВО ООН!

Оставете Коментар