За разлика од Македонија, ветените 500 евра просечна плата остварени во Србија

Предизборното ветување на Зоран Заев за просечна плата од 500 евра во Македонија е далеку од остварување и пред истекот на мандатот на владата предводена од неговата партија СДСМ, а во Србија тоа веќе е реалност.

Во март на вработените во Србија им е исплатена просечна плата од 510 евра.

„И тоа без зголемувањето на платите на медицинарите и среде кризата со Ковид-19“, нагласи претседателот Александар Вучиќ на ТВ Панчево.

Шефот на српската држава верува дека до 2025 година просечната плата во Србија ќе достигне 900 евра, „ако се сочуваат мирот и безбедноста“.

Исплатената просечна нето-плата по вработен во Македонија во март изнесуваше 26.422 денари или 428 евра.

(1 евро = 61,7 денари)

SHARE