За што ни се нови министерства?

Професорката Мирјана Најчевска реагира на предлогот на група пратеници од владејачкото мнозинство со кој се бара формирање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Зошто бре луѓе? 
Како може да барате уште министерства?
Треба да имаме најмногу 7 и не треба да имаме претседател и треба да имаме најмногу 20 општини и 70 пратеници.

И никако не смее администрацијата да надмине 30.000 и да се намали бројот на судии и да се укинат управните и надзорни одбори и да се намали бројот на јавни претпријатија и да се преполови буџетот.

Дајте бре луѓе имајте милост кон напатените граѓани кои се обидуваат да живеат во државичево“-пишува Најчевска.

https://www.facebook.com/search/top/?q=najcevska%20mirjana&epa=SEARCH_BOX

Во образложението со кое се бара ново министерство се вели:

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“.

SHARE