За Софија Македонците настанале по српскиот абортиран обид за “Јужносрбијанци”

Денешните информации кои ги пренеде американскиот медиум Радио Слободна Европа покажуваат дека официјална Софија веќе нема да игра во ракавици туку дека во периодот на преговори на Македонија со ЕУ директно ќе го убедува светот дека Македонците се вештачка нација создадена од Србија.

“Во меморандумот се наведува и дека формирањето на македонската нација е проект на Белград меѓу двете светски војни за поткопување на бугарскиот идентитет и создавање на нов „јужносрпски“ кој бил неуспешен, но потоа, пишува во бугарскиот документ, комунистичкиот лидер Јосип Броз Тито по Втората светска војна, форсирал друг нов идентитет, овој пат македонски.

„Македонскиот јазик или етничка група не постоеле до 02.08.1944. Нивното создавање е дел од целосната изградба на одделен небугарски идентитет чија цел била да се прекинат врските меѓу населението на тогашната Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. Бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации), три од нив се основаат на дијалекти и три на бугарскиот литературен јазик. Создавањето на македонскиот јазик во 1944 година во екс Југославија беше акт на второстепена кодификација основана врз бугарскиот литературен јазик, дополнително збогатен со форми до домашниот говорен јазик, така симулирајќи природен процес основан на дијалекти.

Што друго има во документот на Софија до ЕУ:

Со што Софија ја условува Македонија за ЕУ!

SHARE