За текстилци 100 денари К-15!?

Триесетина текстилни конфекции се на списокот на невладината „Гласен Текстилец“- Штип, бидејќи на работниците не им исплатиле К-15, или на работниците им пуштиле од 100 до 6.000 денари на име регрес за годишен одмор.

„Две фабрики воопшто немаат исплатено регрес за годишен одмор, а дел исплатија во деновите по Нова година. Во Велес имаме исплати на К-15 од 100 денари. Останатите исплати се  1.000, 3.000, 3.500, 5.000 и 6.000 денари. Една штипска конфекција исплатила 4.000 денари во некакви бонови за пазарување од еден супер маркет, не знаеме какви се тие бонови еве тоа што го слушавме сега се случува“, вели Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“- Штип.

Спооред неа пријавите од текстилните работници пристигнуваат за конфекции од Крива Паланка, Штип, Делчево, Ресен, Пробиштип и Кочани.

SHARE