Уостителите стравуваат дека скратувањето на работното време на угостителските објекти до 21 часот ќе биде погубн и катастрофално ќе се одрази врз угоститетелкиот сектор ставајќи ги во незавидна состојба од 500 до 1.000 луѓе кои ќе станат без работа.

„Мислам дека 60 % од угостителските објекти на територија на општините Охрид и Струга ќе ги затворат своите капацитети, скроз.Немаме сретства, ги намаливме платите за 50 %.Почнавме веќе да отпуштаме не сме веќе ликвидни, не знаеме како да ги платиме парите кон добавувачите, кон институциите на системот“, вели Томе Тримчев-угостител.

Со намалување на обемот на работа на угостителските објекти нема да се спречи ширењето на заразата. Бројките на новозаболени растат, причината за тоа треба да се бара на друго место, а не во угостителскитот сектор-велат во револт угостителите.

 Ние како сектор сме дури и уплашени дека тука нема ни да застане, сметаме дека најверојанто следните чекори ќе бидат уште поригорозни во работењето, ако не и целосно затворање на објектите-вели Михаил Мишев-еснаф на угостители за Алфа.

SHARE