За ВМРО-ДПМНЕ нема причина да се одложат изборите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто изборите би се одложиле и не би се одржале на 12 април, по изјавите на премиерот, Зоран Заев, дека

„На лидерската средба во која што учествуваа сите политички партии беше утврдено дека изборите треба да се одржат на 12 април, односно техничка влада да се формира на 3 јануари 2020 година.

Ние како политичка партија не гледаме посебна причина за одложување на изборите кои што ги најавува Заев“, изјави денеска Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ја изјавата на премиерот дека е можно поместување на датумот.

Тој објасни дека согласно процедурите на собранието спикерот на парлементот Талат Џафери ќе одлучи дополнително дали има простор да се се свика вонредна седница за да се изгласа ратфикацијата на протоколот за членство во НАТО или ќе треба да се направи некоја друга отстапка.

SHARE