Опозицијата го прифаќа владиниот предлог за интегрирање на СЈО во ЈО, што во вторник ќе се најде во Собрание, но не прифаќа истото да го предводи обвинителката Вилма Русковска.

„Овој закон е предложен од Зоран Заев, знаеме дека Зоран Заев е моментално најкриминалното суштество кое што е обидува да се спаси. Така да треба да се прочита со внимание за да се видат сите скриени намери кои што веќе добро ни се познати на сите односно да се заштити самиот. Во текот на наредните денови ќе излеземе со конечен став во однос на законот“, изјави Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, пренесе А1.Он.

За да биде усвоен новиот закон треба да добие двотретинско мнозинство .

SHARE