За вработените во здравство, образование, култура… нема да има К-15


К-15 од минимум 9.000 денари до крајот на годинава ќе земат околу 20.000 вработени во органите на државната управа, стручните служби во владата, судовите, обвинителствата, вработените во држававни агенции, фондови, центри за социјални работи.

На ова реагираат од Конференцијата на слободни синдикати (КСС) и од синдикатот за образование (СОНК) од каде велат дека одлуката е предизборна и дискриминирачка, бидејќи не е опфатена целата администрација бидејќи К-15 нема да добијат вработените во безбедносните служби, одбрана и разузнавање, во здравство, образование, култура…

Реакции доаѓаат и од страна на бизнисот од каде велат дека е потребно прво реформа на администрацијата, па потоа награди за оние кои заслужуваат.

„Најпрвин требаше да се направи целосна реформа во јавната администрација, односно сите оние кои работат таму, а се неефикасни и неефективни најпрво требаше да се реформираат, па понатаму на сите поништ што заслужуваат да се тука, заслужуваат да се во јавниот сектор и да работат, да им биде поделен регрес, вели претседателката на Сојузот на стопански комори ССК, Даниела Арсовска“, пренесува Телма.

SHARE