За време на Заев, СДСМ и коалицијата ќе станеме членка и на ЕУ, тврди премиерот! (ВИДЕО)

Супер оптимистичка изјава даде денеска премиерот Зоран Заев на трибината „На прав пат“ на СДСМ во Куманово, само неколку дена до одлуката на Европска унија дали ќе почне преговори со Македонија, а од Париз се најавува ново одложување на датумот.

„Оние од ВМРО-ДПМНЕ имаат во суштина имаат три основни проблеми: имаат проблем со срцето, имаат проблем со душата и имаат проблем со петиците. Им се кине срцето поради тоа што ќе почнеме преговори со Европската унија. Ги боли душата поради тоа што ќе станеме членка на НАТО. А со сите конструкции и сценарија, од петни жили се мачат да ја спречат татковината наша. Зошто? Заради тоа што за времето на Заев, СДСМ и коалицијатаќе ги исполниме нашите стратешки цели – ќе станеме членка на НАТО и ЕУ!“, рече Заев во обраќањето до присутните.

Овој дел од обраќањето на Заев на видеото е од 29:13 минута:

SHARE