Денеска ќе биде потпишан договор за користење 70 милиони евра грант од инструментот на Европската унија – Инвестициска рамка за Западен Балкан –(Western Balkans Investment Framework – WBIF)  за изградба  и реконструкција на железничката пруга на делницата Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.

За втората фаза од пругата кон Бугарија на источниот дел од Коридорот 8, се обезбедени 145 милиони евра, од кои  70 милиони евра грант од ЕБОР, а останатите се заем, пишува МКД.мк.

SHARE