За Заев датумот за избори бил завршена работа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција изјави дека датумот на изборите е завршена работа и тие ќе се одржат на 5 јули.

„Не е одговорно државата да ја оставиме без парламент и со техничка влада, во која опозицијата е настроена деструктивно. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба.

Во таква ситуација изборите остануваат на 5. јули, 22 дена по завршувањето на најновата вонредна состојба“, рече Заев.

SHARE