За Заев, Прилеп е во Полошкиот регион?! (ВИДЕО)

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на денешното пуштање во сообраќај на четири еколошки автобуси во Прилеп го смести градот под Марковите кули во Полошкиот регион.

„Денеска сум јас овде во Полошкиот регион. Покрај во Прилеп, поминуваме и на делот на Новаци и на Битола…“, вели премиерот по 57 секунди од почетокот на видеото од настанот.

Полошкиот регион е во северозападниот дел од државата и ги опфаќа општините Тетово, Гостивар, Маврово и Ростуше, Теарце, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Желино и Јегуновце. Прилеп, пак, е во Пелагонискиот регион, кој се наоѓа во југозападниот дел од земјата, опфаќајќи ги и општините Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Долнени, Кривогаштани и Могила.

SHARE