Заменикот министер на МНР и поранешен градоналник на Општина Центар денеска му даде нов „шмек“ на 11 Октомври.

Празникот кој во македонската историја се смета за почеток на отпорот во Македонија против фашизмот, зам.мнр. Андреј Жерновски, ретроактивно го прогласи за празник на Република Северна Македонија, согласно уставните измени од пред некој месец.

„11-ти Октомври 1941 година, денот на вооруженото востание во Република Северна Македонија, е симбол на исклучително значаен историски чин на македонскиот непокор и вековен стремеж за сопствена слобода на македонскиот народ.
На овој ден им оддаваме длабока почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание кои ги дадоа своите животи“ напиша Жрновски на Фејсбук.

SHARE