Заборави ли Јанева дека е во притвор?

Поранешниот обвинител Александар Наков вели дека писмото кое вчера го испратила Катица Јанева и сом кое наредува предметите од СЈО да поминат во ЈО, нема никаква права важност затоа што со приведувањето таа е веќе суспендирана од вршење на обвинителската должност.

„Таа заборава дека и покрај тоа што СЈО е организирано на еден монократски систем, што значи од неа се црпат овластувањата на нејзините заменици, дека е под суспензија.

Тоа значи таа е отстранета од нејзиното работно место специјален јавен обвинител,“ објаснува Наков, за Радио Слободна Европа.

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека за последниот потег на Јанева допрва ќе има консултации.

„Во целиот период до сега Министерството за правда не коментира судски и јавнообвинителски одлуки, но во секој случај треба да направиме консултации какво влијание ќе има ова на одредени одредби во законот околу кои дебатираме и дали тие треба да се менуваат“ изјави Дескоска за Плусинфо.

Комисија за избори и именувања, утре треба да го разгледува разрешувањето на Јанева.

SHARE