Забранет влез за трудници во САД!

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе ги ограничи визите за трудниците за кои постои сомнеж дека би можеле да се породат во САД и нивните деца да добијат американско државјанство.

Имено, децата што се родени во САД автоматски добиваат американско државјанство, право загарантирано со 14-от амандман на Уставот, пишува „Гардијан“.

„Од 24 јануари 2020 година, американското Министерство за надворешни работи нема да издава привремени визи на жени кои сакаат да влезат во САД поради $породилен туризам#, и на тој начин да ја искористат предноста на американскиот закон за право на државјанство“, наведуваат од Белата куќа.

Се’ уште не се знае како надлежните ќе ја утврдуваат бременоста на жените. Конзулатите немаат право во текот на процесот за виза да бараат информации за евентуална бременост.

SHARE