Задоволната Јанева џвака мастика и зборува за СЈО (ВИДЕО)

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е задоволна што со новиот закон надлежноста на СЈО ќе се прошири и најави дека наскоро би можело да се очекуваат и други крупни предмети.

Јанева нагласи дека Обвинителството што го раководи ќе продолжи да работи со истата динамика и во иднина, додавајќи дека следната недела ќе го претстави извештајот за работата на ова судско тело.

Додека ја даваше изјавата Јанева народски кажано “џвакаше мастика” што се гледа на видеото на Алсат М на околу 50-та секунда.

SHARE