Досега 76 луѓе потврдија дека ќе гласаат за уставните измени во нивната конечна форма, изјави во вчерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, премиерот Зоран Заев

Тој потсети дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за отварање на процесот на менување на уставот, но дека потоа ќе одлучат дали ќе гласаат за уставните измени.

„Дали ќе имаме 80 гласови за уставните измени ќе знаеме на самиот ден на гласање, на деветти јануари, во моментот на гласањето“ рече премерот Заев во гостувањето на ТВ24.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар