Премиерот не верува дека нема да има проблем со излезноста во вториот круг на претседателските избори што ќе се одржи на 5 мај, односно дека ќе има цензус, но сепак доколку нема 40 отсто излезност тој вели:

„Се консултирав со Дескоска, таа е мој прв правник во Владата. Ми рече дека преку промена на Уставот може да се избере претседател на државата на два начини – или да се тргне цензусот, или да се изгласа претседател во самото Собрание – изјави премиерот Зоран Заев, во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој рече дека не верува дека ќе пропаднат претседателските избори.

„На референдумот имаше 37 отсто излезеност и тоа со болно прашање за македонската етничка заедница. Дури и со бојкотирање ќе може да се исполни цензусот. Но јас не верувам дека опозицијата ќе бојкотира“, рече Заев.

SHARE

Оставете коментар