Заев: Ако нема закон за ЈО, парламентот нема да се руспушти!?

epa06882875 Prime Minister of the Former Yugoslav Republic Of Macedonia (FYROM), Zoran Zaev arrives for the second day of a NATO summit in Brussels, Belgium, 12 July 2018. NATO countries' heads of states and governments gather in Brussels for a two-day meeting. EPA/TATYANA ZENKOVICH / POOL

Доколку опозицијата го блокира изјаснувањето на Собранието за законот за ЈО, распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат. Но, не и самите избори, изјави денеска лидерот за СДСМ, Зоран Заев.

„За мене е многу важно да се гласа за законот во парламентот и притоа тој може да се донесе или да не се донесе. А, на 12 февруари тој треба да се распушти. Но, доколку опозицијата се обидува да го минира или да го блокира гласањето за него, тогаш нормално дека парламентот нема да се распушти сè додека не заврши процесот на изјаснување и по законот за ЈО и за Протоколот за НАТО или за законот за одбрана и сличните закони“, изјави денеска Заев по сведочењето за случајот „Монструм“.

SHARE