Заев, Анѓушев кај ти е? – пишува Горан Момироски

Ниту Заев е Тито, ниту Кочо Анѓушев е Ранковиќ но една историска споредба меѓу ове два пара може да ја објаснат траорната ситуација во која се наоѓа актуелната македонска влада во заминување.

Кога во 1965 година за време на една патување во Обреновац Јосип Броз со себе не го земал тогаш третиот најмоќен човек во југословенскта федерација Александар Ранковиќ многумина виделе крај на едно огромно партнерство и предвиделе почеток на смрт на јужнословенската федерација.

Ранковиќ е од селото Дражевац лоцирано во близина на Обреновац, што значи дека кога Тито пристигнал во родното место на Ранковиќ без негова придружба испратил порака дека започнува конфликт по кој ќе се смени историјата.

Кога вчера Заев со својата свита доје во Велес, родниот град на вицепремиерот Кочо Анѓушев ни испрати слична порака како Тито пред повеќе од половина век. Тој веќе не смета на својот најблизок соработник кој се сметаше за гуру на економските политики на власта.

Причините зошто Заев вчера го навреди Анѓушев и му отиде дома му без него можат да бидат различни од несогласување со политиките за зголемување на платите без економска основа и логика, забелешките на дел од Владата дека Анѓушев приватно премногу го фалел Мицкоски за своите политички чекори, се до урнисаната надеж на Анѓушев дека ќе го наследи Заев на премиерската позиција.

Но сега е помалку важно кој во кого се разочарал и кој кому му е лут.

Поважно е дека вчера во Велес видовме целосен распад на економскиот тим на владата која токму на премисата дека ќе води добра економија која ќе донесе резултат за граѓаните дојде на власт.

Неважно и дали Анѓушев се противел на владината нарачка за поведување постапката на Антикорупциската комисија против лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

А токму тоа е најголемиот пораз на власта, пропаста на обидот Заев да го прикаже Мицкоски како криминалец. Анѓушев според одредени информации познавајќи ја добро состојбата во енергетскиот систем, уште кога Заев и уште еден член на неговиот „кујнски кабинет“ одлучиле Антикорупциската комисија да поведе постапка против Мицкоски пред првиот круг на претседателските избори со цел да се наштети на опозицијата, предупредил дека е тоа грешка.

Анѓушев тогаш предупредил дека Заев со својата површна политика без аргументи да се оцрни секој против кого што нема соодветни аргументи всушност му прави огромна услуга на Мицкоски.

Лидерот на опозицијата сега е формално исчистен од сите обвинувања кои ги фабрикуваа владините инсталации во Антикорупциската комисија.

По фијаското на ДКСК која 7 месеци не сакаше да види дека Мицкоски немал конфликт на интереси а сега за само 5 минути реши дека Мицкоски е погрешно обвинет, ја елиминираше секоја идна негативна кампања од тимот на Заев за идниот премиер.

Кој и по чија наредна тогаш ја злоупотреби Антикорупциската комисија не може да остане тајна.

Дел од членовите на ДКСК веќе зборуваат за аналогија меѓу ДКСК и СЈО на Катица Јанева во контекст на нарачките од Заев. Овие наводи наскоро ќе бидат јавно расчистени а одговорните дури и ако се протежеа на најсилните светски сили ќе одговараат за своето политикантство.

Но да се вратиме на Анѓушев. Очигледно е дека по заминувањето на екс министерот за финансии Тевдовски Заев ќе мора да најде нов кривец што владата се распаѓа, економијата тоне а рејтингот на СДСМ оди кон дното.

Процесот од пред неколку дена се води во ДКСК против Анѓушев но и медиумската кампања во еден национален провладин медиум против него најверојатно е директна последица на конфликтот што тлее во врвот на владата.

Дали се работи само за разочараност кај Заев што еден од најбогатите Македонци го напушта кога му е најтешко или во позадината на судирот има и други милионски причини ќе видиме најдоцна до 3 јануари до кога Анѓушев има шанса да го избегне гневот на неговиот шеф или директно да му одговори. А конфликтот нема да го скрие и ублажи ниту самиот Анѓушев со својот скапо платен ПР тим , дури и ако ако деновиве се појави јавно заедно со Заев и тврди дека меѓу нив се е во ред.

Тој филм веќе го видовме со неговиот советник Верушевски кој под притисок или ветувања за неколку дена го смени мислењето. Дали на оваа “салто мортале“ одлука на првиот „безбедњак“ во владата и СДСМ влијаеле бизниси во центарот на Охрид допрва ќе истражува идната влада.

SHARE