„Ако Антикорупциска или која било друга институција покаже и докаже дека имало вмешаност, кршење на законот, судир на интереси, ќе барам директна одговорност“, вели премиерот Зоран Заев кој е дециден дека отстапки во случаи на вработување роднини нема да има.

Уште еднаш апелираше, сите вработени во државни институции и фирми кои се во роднинска врска со членови на државни функционери, да се откажат од работното место.

Барањето на Заев да се поништат вработувањата засега не го почитуваат функционерите на коалициониот партнер ДУИ, пишува Алсат М..

Интегративците чии роднини добија државна работа велат дека не може да се мешаат во одлуката на блиските, бидејќи, како што велат, станувало збор за полнолетни граѓани.

SHARE