Заев барал, но ни Тимоние не му обезбедил средба со Макрон

Средба во Софија, мај 2018
Средба во Софија, мај 2018

„Барав средба со претседателот Емануел Макрон и преку францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние четири месеци, но безуспешно. Секогаш посакувам средба со претседателот на Франција, голема земја и голем пријател на Северна Македонија, верувам дека во иднина ќе имаме можност да разговараме“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната пресконференција одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека обиди се правеле и преку нашиот амбасадор и по други дипломатски канали.

Претседателот на Франција Емануел Макрон во вчерашната изјава од Брисел најави дека во идните месеци планира да ги посети Македонија и Албанија и да се сретне со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

Макрон беше противник на Македонија и на Албанија да им се даде датум за почеток на преговори со ЕУ пред да се реформира Унијата.

Заев и Макрон имаше средба со Претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што се одржа во Софија во мај 2018 година…

SHARE