Заев: Да бев на местото на пратеничката Ременски – ќе се повлечев


Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев и ќе чекав да го докажам тоа и да се вратам на голема врата како херој, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Телевизија 24 кој вели дека оставката од општествената функција е личен чин.

Прашан зошто не побарал отставка од Ременски од пратеничката функција, Заев рече дека тоа е нејзино право и таа е директно бирана од граѓаните.

„Таа е добредојдена да се врати во централниот и извршниот одбор на СДСМ чим и се докаже нејзината невиност“ изјави Заев.

Премиерот вели дека нема нема индиции за вмешаност на други луѓе од владата во аферата „Рекет“.

SHARE