Во денешниот завршен збор за случајот „Поктуп“ обвинителката Валентина Бислимовска направи преквалификација на кривичното дело и побара Зоран Заев наместо за примање поткуп, да биде гонет за барање поткуп.

За ова кривично дело, според член 357 став 2 од Кривичниот законик, односно за барање на поткуп, предвидена е затворска казна од една до пет години.

Обвинителката образложи дека од доказите произлегло оти Заев не примил мито, а и самиот сведок Иван Николов сведочел дека никогаш не му дал пари на тогашниот градоначалник на Струмица, Заев.

Како што пренесува „Фокус“, Бислимовска побарала „Судот да ги оцени сите олеснителни и отежителни околности и да донесе правична пресуда“.