Заев: Да ja убедиме ЕУ дека заслужуваме преговори

Откако потсети дека во чистата препорака имаше и пораки од Европската комисија, македонскиот премеиер  на денешната седница на Комисијата за европски прашања рече дека за побараното од ЕК веќе се поставуваат контурите на реформскиот План 18.

„Со досегашните напори, успеавме да ја убедиме Европската комисија дека заслужуваме почеток на претпристапните преговори“, изјави Заев и додаде „ајде заедно да ги убедиме и државите членки на ЕУ, дека заслужуваме почеток на преговорите за членство во ЕУ и дека сме подготвени да фатиме чекор со државите од регионот коишто веќе преговараат“.

Тој рече дека за оваа работа ќе требаат најдобрите луѓе од институциите, но исто така и најдобрите луѓе во државата и целото општество, за да се добие датум за преговори за што тој рече дека го очекува во јуни.

 

SHARE