Премиерот Зоран Заев вели дека 12 април треба да се задржи како датум за избори, но дека сепак се остава можност какви било промени да се случат заради НАТО. Заев, околу распуштањето на парламентот најавено за 11 февруари, вели дека треба да се внимава државата да биде функционална за да се Ратификува Протоколот за НАТО.

„Нема да дозволиме како држава да останеме без Парламент, сите 29 земји членки го ратификуваа и ќе дојде до Република Северна Македонија и оп ние немаме Парламент“, рече тој.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе го распушти законодавниот дом на 11 февруари, односно 60 дена пред одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април.

Според Џафери, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, рече дека ќе треба да се чека на новиот собраниски состав.

Уште три земји (Франција, Холандија и Шпанија) треба да го ратификуваат пристапниот протокол на Македонија во Алијансата, по што последна треба да го направи Македонија на Собрание по што и официјално земјата ќе се смета како 30-та членка на НАТО.

Ова се очекува во периодот февруари/март но истовремено тогаш треба да се распушти и законодавниот дом, а Заев вели дека се зависи од претседателот на Собранието, Талат Џафери, чие мислење треба да биде почитувано.

SHARE