Заев, децата и политичкиот маркетинг (ФОТО)

“Супер новогодишна дружба со дечињата од ООУ „Братство“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“. Ја читавме сказната „Писмо од Фантазија“ и се договоривме дека за време на зимскиот распуст ќе ги прочитаат книгите што им ги подаривме како новогодишни пакетчиња”, напиша премиерот Заев на својот Твитер профил за средбата со педесетина ученици.

Заев кој во неколку наврати предходно го обвинуваше Груевски дека прави политичка манипулација сликајќи се со деца сега го прави истото.

Доколку родителите на децата не дале писмена дозвола за нивно фотографираље Заев може да се соочи со правни и етички консеквенци за инволвирање на деца во политичка кампања како премиер но и како потенцијален кандидат за претседател на Македонија.

Зошто Заев би им читал приказни на деца во ситуација кога правниот систем е пред колапс е второто прашање кое се наметнува кога ќе се види неприродното селфи на премиерот со децата кои во најголем дел не разбираат што им се случува.

SHARE

4 Коментари

  1. Многу ми е мило ем драго,
    за Маркетинг да го пишувам,
    Маркетингот наш насушен-пресушен…

    Во наше село Фатимезатаквото имаше еден многу духовно-сиромашен чоек по име Крсто кој само во ретки прилики добиваше по некое тендерче, а жени деца сето тоа треба да се прехрани…
    Тој наш Крсто си имаше една Крава млекарка и со неа ги хранеше децата и семејството, ама пуста сиромаштија го натера наш Крсто да ја носи Кравата на сточниот пазар “Собиралиште“.
    И така наш Крсто еден ден се одлучи да ја продава Кравата млекарка по име Македонка, и тргна тој по патот крив, кога оп таму го срејчава нашиот селски мангуп ТриЗорани, тоа е братучед од Сашкота наш оној го знаете де, тие се една голема тајфа братучеди и сите до еден се кумчиња на големиот Еуса. Па го прашва наш ТриЗорани нашиот копук Крстета, море Крсте кај вака рано си тргнал, а овој еее ТриЗорани мака ме натера да ја продавам мојата Крава млекарка по име Македонка, ама не знам дали ќе сака некој да ја купи…. не се секирај за добра свињља нема лоша помија рече наш ТриЗорани!
    И Така Крсте наш ја донесе Кравата млекарка Македонка на сточниот пазар “Собиралиште„ да ја продава, семејство да прехрани!
    И доајџале луѓе (и по некој човеци Тиквешки) не дека не доаѓале да прашат, а Крсте им објаснувал дека Македонка нашата Крава млекарка , знае понекогаш и да клоцне па да истури тоа млекото, па јаде ама оди и кај комшијата пасе (е-пасеа овците наши) и луѓе како луѓе по таквите зборои ќе заминеле понатаму да си барат друга Крава (која сака крава која дава млеко па го истура нели…)
    Видел не видел наш Крсто во тоа попладневни часови ја одврзал кравата Македонка млекарка, па си тргнал накај дома у наше село Фатимезатаквото…
    И кога оп повторно наишол на нашиот голем, најголем ТриЗорани, па овој го прашва нашиот Крстета зошто ја враќа Кравата дома, зошто не ја продал, а Крсте му вели е па прашуваа лујџе и човеци ама никој не сакаше да ја купи…
    Како тоа не сакаа, дај Кравата Македонка ваму да видиш како лесно се продава, ја мислев дека ти знаеш како се продава ама изгледа не знаеш, ај со мене да научиш и тендерче да добиеш!
    И нашиот Крсте со нашиот ТриЗорани пристигнале повторно на сточниот пазар “Собрание“ да ја продаваат Крават Македонка…
    Само што стигнале на ат-пазарот ТриЗорани почнал на цел глас да урла еееее ја гледате ли оваа Крава млекарка Македонка, таа дава млеко колку сакаш, не јаде, мирна е како мало маче ваква крава ви треба еее ..
    И луѓето ем човеците почнале да се собираат, па со Зораните почнале да прават договори, кој за три пасишта кој за млекото кој за теле-телињата…
    И веќе била готова работата кога наш Крсто рекол СТОП не ја продавам…
    А ТриЗорани на тоа чекај бре Крсто како не ја продаваш па нели … е да, рекол Крсто ама јас таква крава како што ти рече барам цел живот и зато ќе си ја носам дома, ја одврзал и си ја потерал накај дома во селото наше Фатимезатаквото.

    Сите ликови во приказната се стварни, продажбата на Кравата Македонка е се уште во тек и се очекува истата да биде продадена на сточниот пазар “Собрание“ таму некаде на почетокот на 2019г.
    До продажбата ќе дојде ако во меѓувреме не се јави стопанот на Кравата, затоа што на сточниот пазар “Собрание“ има многу заинтересирани и купувачи и продавачи.
    Силата на Маркетингот е голема, дали е добар или лош зависи од тоа за какви цели се користи!

    Приказната ми ја кажа еден близок на железничката во Скопје пред крај на XX век, ја слушнал од еден мудар човек од нашето село Фатимезатаквото кој во тоа време имаше околу 113-114 години а настанот од приказната е од периодот пред WW2, зборот ми е дека Маркетингот е многу стара алатка и се користела од секогаш, само под друго име!

  2. На децата им чита приказни а нас ни ѓи раскажува. Ама никој на таков лажов не му верува.

  3. Еее Зоране, не би рекол дека НИКОЈ не му верува!
    Види ги резултатите од последните избори и референдумот, и во давата случаи ќе забележиш една огромна бројка на Македонци, според мене околу 250.000 имаат кои веруваат во се што ќе речат Зораните (прво беше Вранишковиќ потоа Верушекис и сега Заев). Другото нешто што загрижува е дека таа бројка е докажано против Македонија и работи на тоа да ја нема Македонија, тие сметаат дека Македонија е виновна за тоа што тие живеат во таква беда (барем еден дел) и затоа отворено повикуваат истата да се избрише, да не постои повеќе, заради нивниот бес и неконтролираност тие се во отворена борба против останатите Македонци и што е најлошо им го одземаат и правото на останатите да бидат Македонци, со тоа со право може да се наречат нацифашисти!

Comments are closed.