Заев демантира, Ципрас анекс скицира – пишува Горан Момироски

Македонскиот премиер деновиве навидум ја смири јавноста откако на прашањето дали има сознанија дека Грција подготвува анекс на Преспанскиот договор со кој ќе се прецизира македонскиот идентитет, одговори дека нема информации за таков анекс договор и дека е во постојана комуникација со грчкиот премиер Ципрас.

„Она што е важно мораме да внимаваме од двете страни на реториката. Факт е дека во договорот стои македонски јазик, факт е дека е дел од јужнословенската група на јазици и тоа е нешто што е прифатливо и е дел од договорот, како што е факт дека ние ќе бидеме Република Северна Македонија. Треба да внимаваме заради тоа што нашето право на самоопределување, нашето право на користење на нашиот македонски јазик е прифатено и е признаено од Грција“, изјави премиерот кој по огромниот број на изјави за кои подоцна се покажа дека биле лажни не остава простор да му се верува безрезервно.

Ако се тргне од неговата навика да кажува работи за кои подоцна се испоставува дека била невистина и сега не треба да му се верува и треба да се плашиме за наводно бетонираниот македонски идентитет.

Но овојпат не е само премиерот Заев причина да не веруваме дека анекс ќе нема и дека идентитетот заедно со јазикот и името на нација навистина ќе бидат цементирани.

Од извори во грчката дипломатија авторот на овие редови доби информации дека Анексот е предмет на разговор на различни структури во грчката надворешна и внатрешна политика и дека во Атина на големо се разговара за потребата, конкретните цели и содржината на анексот.

За анексот веќе се информирани дипломати во мисијата на Грција во Обединетите Нации во Њујорк а консултации на истата тема се прават со врвни грчки и странски експерти по меѓународно право кои што во најголем дел сметаат дека Македонија нема ниту политичка моќ ниту правни аргументи да одбие анекс на веќе потпишаниот договор.

Деновивие грчки дипломати водат консултации и со земји пријатели од кои се бара поддршка во обидот Македонија и премиерот Заев да се натераат да го потпишат фамозниот анекс.
Во овој случај поддршката е поделена а една од аргументациите е дека Македонија и онака премногу губи со актуелниот договор и не треба властите во Скопје да се ставаат во нов теснец на чекор до уставните измени.

Еднна од целите на анексот на Преспанскиот договор е да се “допрецизираат” македонскиот јазик и македонската нација односно да се спречи било каква дебата за малцински права во Грција со толкување на членовите на договорот.

Грчките експерти веќе неколку дена работат на првиот драфт на анексот за кој нема потврда дека навистина ќе биде поднесен ако за тоа нема поддршка пред се од Вашингтон, Брисел и Берлин.

Според првичните тези во предлог анексот македонската нација и македонскиот јазик треба:

1. Прецизно без никаква можност за интепретации да се ограничат само во границите на Северна Република Македонија

2. Грција експлицитно да потврди дека за неа не постојат ниту македонска нација ниту македонски јазик кои што постојат надвор од митот за таканаречена Грчка Македонија.

3. Македонската страна јавно да се откаже од било каква интерпетација која би водела кон промовирање, лобирање или водење пропаганда за постоење македонската нација и јазик различна од елинската култура и историја

Конечниот драфт, доколку Ципрас процени дека без анексот ќе се урне владата, се очекува да биде споделен со меѓународниот фактор најдоцна меѓу католички Божиќ и нова година по што Грција може да влезе во лобирање и притисок кон македонската влада со цел таа да стави потпис на него.

Според неофицијалните информации, од македонска страна се очекува анексот да го потпише министерот Никола Димитров а од грчка страна или заменикот министер за надворешни работи Катругалос или лично параф би ставил премиерот Ципрас кој што во моментов е ВД министерот за надворешни работи по оставката на Никос Коѕиас.

Јавната закана на вицепремиерот Каменос кој рече дека ако Преспанскиот договор дојде во грчкиот парламент неговата партија ќе ја напушти владата, според извори во Атина е дел од играта.

Изјавата на министерот за одбрана Каменос треба да биде искористена во убедувањето на Ципрас кон Заев, Македонија да го потпише анексот затоа што постои шанса ако анексот е доволно добар за Каменос тој да не излезе од владата.

Во спротивно грчката влада може да се распадне пред воопшто да се гласа за Преспанскиот договор во грчкиот парламент.

За жал како и во неколку наврати досега и покрај неверојатната конструктивност на Македонија, што се граничи со дипломатско и национално лудило, во процесот на решавање на името повторно може да се случи со еден мал грчки дипломатски маневар повторно со поддршка на меѓународниот фактор Македонија да биде виновникот за пропаста на договорот од Преспа.

Само затоа што ќе одбие да потпише анекс со кој и формално се откажува од Македонската нација и јазик.

Ако премиерот Заев воопшто опстане на ставот дека анекс не е потребен.

SHARE

25 Коментари

  1. САД повторно објавиле научна меѓународна монографија – книга на Игор Јанев, сега за Србија, но со опширно поглавје за правниот лек за ИМЕТО со меѓународните рецензии од професорите по меѓународното право од САД: https://novapublishers.com/shop/serbia-current-political-economic-and-social-issues-and-challenges/

  2. Vo SAD koga vikaat Nacionalniot identitet ili NATIONAL IDENTITY mislat na IDENTITY of the NATION odnosno kaj nas DRŽAVNO-PRAVEN IDENTITET! Kuso PRAVEN IDENTITET e za amerikanskite pravnici NATIONAL IDENTITY ili identitetot na državata. Za eden pravnik od SAD koi pod ID of NATION podrzbira iskluchivo IMETO na DRŽAVA, ne e razbirlivo deka so MENUVANJE DRŽAVEN ID odnosno krtako kažano imeto na država, IDENTOTETOT OSTANVA ISTI!
    Bidejki NATIONAL IDENTITY e samo DRŽAVNO IME i vnimvajte NIŠTO DRUGO do IMETO!
    Prevedeno na mk. DRŽAVNO-PRAVEN IDENTITET ili na ang. NATIONAL IDENTITY e pravna kategorija koja označuva IMETO ili kratko ID (of the Nation). So menuvanje DRŽAVNO-PRAVEN IDENTITET! ili državnoto ime, se menuva NATIONAL IDENTITY ! Toa e taka vo USA.

  3. Знае ли Игор Јанев дека американците објавуваат книги во кои пишува дека планетата Земја е рамна, дека Сонцето се врти околу Земјата, дека постојата вештици и ѓаволи, дека постојат Марсовци. Па зошто не би објавиле дека Македонија може, без да го реши спорот со Грција, заобиколувајќи го Советот за безбедност и резолуцијата 817, да биде признаена од Генералното собрание како Република Македонија?

  4. И да не заборавам, кој сака да ја чита содржината нека ја купи книгата. Цена на една книга е 160 US долари, а на другата книга цена е 270 US долара.

  5. Трето, цена на моето ангажирање во Влада на Македонија, без разлика да ли е Влада на СДСМ или некоја друга Влада, која и да е, е минимум 6000 евра месечно со платени сите трошоци и со дипломатскиот пасош доколку ѓи вршам услугите надвор од Република Македонија.

    • Абе ти си стварно забеган! Кои „услуги“ ти можиш да ги извршиш, освен да продаваш магла на оние кои ВМРО-ДПМНЕ толку многу ги отупи, па ја купуваат маглата која ја продаваш.

  6. Ха, ха, ха. Сто и шеесет и двеста седумдесет долари! Тие „книги“ не се ведни за читање дури и без пари да се доделуваат! Која будала би дала пари за да чита глупости, фантазии на еден занесењак, кои не се оствариле и никогаш нема да се остварат. Зошто никој до сега не го послуша Јанев? Па и глупавиот Иванов не беше толку глуп да побара Генералното собрание на ОН да ја признае Македонија на начин како што Јанев предлага. Ако Иванов не го послуша, која друга будала би го послушала?

  7. Дознаваме од доверливи извори дека функционер на СДС сос иницијали Ф.Р. е заинтересиран за услугите на Игор Јанев, но нема договор за цена, па по се како што велат од изворите блиски на СДС испорачана цена од Игор Јанев за услугите била премногу висока.

  8. Игор Јанев бара 6000 евра месечно. А да земеме како Србите меѓународен адвокат Јан Браунли кој застапуваше Србија, но тарифата му е 50 000 евра месечно, без гаранција на успех.

    • Плата на Керим во ООН беше 14 000 евра месечно или 17 000 УСД, а ништо не направи за Македонија.

  9. ВО 2003 И 2004, БЕШЕ ОД ТРАЈКОВСКИ ФОРМИРАН ТИМ ЗА ИМЕТО, СО КОИ ТРЕБАЛО ДА РАКОВОДИ ФРЧКОСКИ. ВО 2004. ТИМОТ ЗА РЕАГУЛАЦИЈА НА ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО ТРЕБАШЕ ДА ЗАПОЧНЕ СО РАБОТА И СОСТАВОТ НА ИСТИОТ ТИМ ВЕШЕ ОДОБРЕН ОД ТРАЈКОВСКИ! НО, КОГА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ФУНКЦИЈА БЕШЕ ИЗБРАН ЦРВЕНОВСКИ, ВЕДНАШ РАСПУШТИ ТИМОТ ЗА ИМЕТО И ПОЧНА СО НЕБУЛОЗНАТА СТРАТЕГИЈА НАРЕЧЕНА „ДВОЈНАТА ФОРМУЛА”. ЗА ЛУГЕ КОИ СЕ ПОСТАРИ НОВИНАРИ И ИМААТ ДОПИР ДО ВЕСНИЦИТЕ ОД 2004, НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА Е ПРОБЛЕМ ДА НАЈДАТ ИНФОРМАЦИИ И ВЕСТИ ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ ПРЕДВОДЕН ОД ФРЧКОСКИ. КОЈ САКА ДА БАРА, МОЖЕ ДА НАПРАВИ ОБИД ДА ПРОНАЈДЕ ВАКВИТЕ ПОДАТОЦИ ОД 2004

Comments are closed.