Заев денес ќе се сретне со рускиот амбасадор

Македонскиот премиер денес ќе се сретне со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин.

Средбата доаѓа неколку дена по објавувањето на телефонскиот разговор на Зоран Заев со руски пранкери кои се претставувале како Порошенко и Столтенберг.

Владин функционер за телевизија 24 изјави дека состанокот бил договорен минатата недела, но тајмингот се поклопил со објавувањето на разговорите.

Се очекува и телефонските разговори да бидат тема на средбата, уште повеќе што во нив, македонскиотпремиер зборува за руските обиди да наметне влијание на Балканот.

Во врска со објавените разговори од руската Амбасада за македонски медиуми објавија дека „не коментираат изјави на комичари“.

SHARE