На прес конференцијата која започна предмалку, премиерот Зоран Заев потврди дека е постигнат договор со Грција за ново име на Република Македонија.
„Нма веќе ФИРОМ, конечно сме свои на своето, признати од сите од меѓународната заедница и од Грција“ изјави премиерот.
Тој рече дека е постигнат договор за име Република Северна Македонија.
Тој денеска попладне го имаше клучниот втор телефпнски договор со грчкиот колега Алексис Ципрас.
„Етничкиот и културен идентитет е заштитен. Зајакнат идентитет и гаранција за безбедност и просперитет. Прецизирано македонско име, достоинствено и географски прецизно, со превод на сите јазици. Амандман во Уставот. Потврда на македонскиот јазик без фуснота. Националноста е македонска/граѓанин на Република Северна Македонија“, рече Заев.
Грчки медиуми од Атина известија дека е постигната согласност со Скопје ке ги задоволува сите грчки услови.
Премиерот Алексис Ципрас имаше средба со шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос на која го известил дека носи добри вести и дека е постигнат добар договор со пјРМ.