Премиерот Заев денеска ќе има средба со лидерот на коалициониот партнер ДУИ на која ќе се разговара за можноста за консензуален кандидат за претседател.
И покрај „кризата“ и размената на взаемни обвинувања откако Собранието не успеа да го одземе пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски, Заев вели дека ДУИ е потребна во коалицијата.
Синоќа за ТВ21 тој изјави дека коалицијата без ДУИ има 58 пратеници, а не 61.
„ Ако ги одземете десетте пратеници на ДУИ, имаме 58, значи немаме 61. Така да, тоа не е баш така едноставно, затоа сериозните политички субјекти сериозно пристапуваат на сите проблеми. Прво ги наоѓаат причините, второ ги дават одговорите пред јавноста и трето даваат заклучоци кои што би значеле ако се направени некои грешки, како да не се повторат тие грешки“ вели Заев.