Руските „комичари“ кои објавија дури 54 минути разговори со  премиерот Зоран Заев, претставувајќи се како Петро Порошенко и ген-секот на НАТО Јенс Столтенберг, во интервју за српска „Политика“, зборуваат дека меѓу сите странски политичари кои ги измамиле, најнаивен се покажал македонскиот премиер Зоран Заев.

Владимир Кузњецов–Вован и Алексеј Стољаров–Лексус велат дека не се руски шпиони, а за соговорниците велат:

„Макрон е прилично умерена и фина личност. Гуаидо (самопрогласениот претседател на Венецуела) во разговорот не ни остави впечаток дека е независен политичар. Борис Џонсон е интелигентен и ладнокрвен. Харадинај се обидува да остави впечаток на љубезен дипломат, но слабо му успева.

Но, премиерот Заев е навистина неверојатен: ниеден политичар пред него не сме успеале да го мамиме на таков начин речиси цела година“, велат пранкерите.

SHARE