Заев е реален оптимист за почеток на преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев изјави дека од оптимист станал „реален оптимист“ во однос на започнувањето преговори со Европската Унија. и дека три пати имал прилика да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон на денешниот лидерски состанок на НАТО во Лондон.
„Јас сум уверен дека следува убава одлука, убаво време за нас, не можам да споделам ништо затоа што како најголем оптимист, сега сум реалистичен оптимист. Работите се движат во позитивна насока, наше е да продолжиме да работиме, да продолжиме со реформи и се надевам дека вистинската одлука ќе биде донесена, односно историската грешка што ја направија ќе биде исправена, не сакам со тоа да делам оптимизам никако, треба да бидеме посветени да ја европеизираме Македонија со повеќе вредности и реформи а штом ќе одлучат да ни соопштат“, изјави Заев во Лондон одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот Макрон во однос на преговорите Македонија уште еднаш порача дека без претходна реформа на преговарачкиот процес за проширување, тој нема да даде „зелено светло“ за старт на преговори и изрази надеж дека тоа ќе може да се случи пред мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб. 

SHARE