Заев: Европа е најсексапилна девојка во светот (ВИДЕО)

На форумот Европа – Вахау, во Австрија на кој учествуваа Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, како и Антонио Тајани, Претседател на Европскиот Парламент премиерот Зоран Заев објасни зошто Европа е привлечна за Македонија.

„Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ.

Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец“, рече Заев.

Извор: ТВ21