„Фала Богу и не треба потпис на новата одлука од претседателот Иванов. Вчера заедно со измените,  Собранието донесе и проглас за амандманите и проглас за Уставниот закон“ одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, пренесе Нова ТВ..

Запрашан како ќе се постапи со оглед на одбивањето на претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот рече дека одлуките за уставните измени согласно Преспанскиот договор ќе бидат објавени во „Службен лист“.

Заев додаде дека веднаш по објавувањето во Службен весник македонското МНР ќе испрати известување до грчкото МНР.

SHARE

Оставете Коментар