Заев ги навреди Србија, Косово, Ирска, Финска Шведска, Австрија, Русија, Кина…. (ВИДЕО)

Нов голем дипломатски гаф на премиерот Заев од трибината на СДСМ во Битола.

Зборувајќи за НАТО Заев рече дека тоа што ги поврзува сите 30 членки на НАТО е демократијата.

Според него во НАТО членуваат само демократски држави а сите други земји кои што не се членки на алијанската се режими и диктатури.

Со тоа премиерот ги навреди и Србија, Косово и Босна и Херцеговина во регионот но и некои земји кои се познати по своите високи демократски стандарди како Австрија, Финска, Шведска и Ирска кои се членки на ЕУ но од различни причини не дел од алијансата.

Пораката од Заев сигурно ќе стигне и до Москва, Пекинг, Њу Делхи и други светски градови за кои што може да се зборува за недостаток на демократски стандарди од западен тип но никако не смее еден премиер јавно да кажува која држава е а која не е демократија.

Русија и Кина се членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Видеото во кое Заев кажува кои се демократски држави

SHARE