Заев го одзема правото на Зекири, Адеми и др. Албанци во СДСМ да ја водат владата

Со изјавата дека не може Албанец да биде премиер со која лидерот на СДСМ Заев му одговори на Али Ахмети кој најави дека тоа му следна цел, екс премиерот предизвика незадоволство меѓу дел од членовите на неговата партија кои се Албанци.

Членови Албанци сега прашуваат зошто ако се борат за едно општество за сите да не може некој Албанец во СДСМ да биде премиер.

Оваа порака според партиски членови е директно насочена кон потпретседателот Мухамед Зекири, министерот за дијаспора Едмонд Адеми и шефот на партиската комисија за економија Фатмир Битиќи кои имаат капацитет но и амбиции еден ден да ја предводат СДСМ.

Ако Албанец член на СДСМ не може да стане премиер треба да знаеме затоа што е лицемерно да нудите еднаквост за сите а да ја продолжувате практиката каде Албанците се добри само за заменици, потпретседатели или помошници, вели Албанец член на СДСМ кој се надева дека изјавата на Заев е само уште еден гаф на нивниот лидер а не и порака дека Албанците се луѓе од пониска каста која не може да ја води Македонија.

SHARE