Заев го прифатил и “Бадинтер” во законот за обвинителството

За да ги обезбеди гласовите на албанските партии за гласањето за законот за јавно обвинителство лидерот на СДСМ се согласил со барањето принципот на Бадентер да важи и при избор на главен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Според текстот на Предлог-законот, усвоен од страна на владата, меѓу другото, новина е и воведување на Бадентерово мнозинство при изборот на јавниот обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Покрај тоа, албанскиот јазик ќе се користи во сите јавни обвинителства, а државниот главен обвинител ќе се бира со мнозинство од 61 пратеник во Собранието но притоа мора за него да се изјаснат и мнозинство од пратениците на мслцинствата.

Како што веќе информираа од владината прес служба, Предлог-законот за јавното обвинителство ќе оди на усвојување во Собранието по скратена постапка.

SHARE