Премиерот Зоран Заев ја изрази својата гордост од напредокот на повеќе полиња на приемот на делегацијата на Комитет за надворешна политика на Европски парламент.

„Знаеме дека пред нас има долг пат за одење, кој ќе биде исполнет со макотрпна работа и силна волја. Но, гордо можеме да кажеме дека денес судството е понезависно од политиката, медиумите се слободни и ја контролираат власта, институциите се потранспарентни и поблиски до граѓаните, полицијата ги заштитува правата на граѓаните, немаме повеќе незаконско прислушкување, законот важи за сите без разлика колку се моќни, а економијата почнува да расте“, рече тој во своето обраќање.

Според соопштението од Владата, одушевени од оствареното биле и гостите.

„Членовите на делегацијата на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент споделија нескриени честитки за оствареното во Република Северна Македонија во последните две години и нагласија дека денес, за време на нивната посета, тие гледаат една сосема друга земја – земја во процес на прифаќање на нејзиното членство во НАТО, земја која остварува позитивни резултати на планот на внатрешните реформи“, соопшти Владата.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.