Заев и Ахмети сакаат консензуален претседател

Деновиве се очекува лидерите на СДСМ и на ДУИ да го одредат консензуланиот кандидат за претседател на државата за кој ќе се сложат владините

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби најави интензивни разговори меѓу Заев и Ахмети во деновите што следат со цел да се најде кандидат којшто ќе биде прифатлив за двете страни, а ќе има шанси да добие поддршка од мнозинството граѓани.

„Имаше разговори на линија Ахмети-Заев, но деталите допрва ќе се договараат. Не е важно дали ќе биде маж или жена, ниту политичка или етничка припадност. Важно е да биде прифатлив за сите“,вели Груби.

Но од СДСМ ја оставаат отворена можноста освен од ДУИ, поддршката за консензуален кандидат да се бара и од опозициски партии.

Во случај да нема  догвор, останува јавниот повик за партиски кандидат, постапка која треба да финишира на конгресот на 3 март.

SHARE

Оставете Коментар