Заев и Ципрас без Нобелова награда за мир, ја доби етиопскиот премиер Ахмед

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот сега поранешен колега Алексис Ципрас извисија за Нобелова награда за мир, откако од Стокхолм соопштија дека јубилејното 100. престижно признание го доби премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед.

Тој е награден за своите напори „за постигнување мир и меѓународна соработка“, конкретно за склучувањето мировен договор со Еритреја минатата година, со кој е ставен крај на 20-годишниот конфликт по нивната погранична војна од 1998 до 2000 година.

Признанието и паричната награда од еден милион шведски круни (околу 900.000 американски долари) на Ахмед ќе му бидат врачени во декември во Осло.

Вкупно 301 кандидат, од кои 223 поединци и 78 организации, беа номинирани, меѓу кои Заев и Ципрас за договорот од Нивици, со кој Македонија ја доби додавката Северна во името на државата.

SHARE