Заев и Ципрас официјално предложени за Нобелова награда

Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас и официјално се предложени за кандидати за Нобелова награда за мир за 2019 година.

Нобеловката Уидед Бушамауи, како што денеска информираа од влада, со писмо го известила премиерот Заев дека официјално пратила допис до Нобеловиот комитетот и ги предложила Заев и неговиот грчки колега Ципрас да бидат кандидати Нобелова награда за мир за 2019 година.

„Во овој процес и во овој храбар и визионерски акт со кој се утврдува дијалогот, довербата и основата за една заедничка иднина на Република Северна Македонија и на Грција во рамките на меѓународните организации, вие господине Премиере Заев , како и господинот Ципрас, одигравте клучна улога. Во таа смисла, си дозволувам да искажам големо почитување и восхит кон вас двајцата лидери – големи градители на мирот на Балканот“, пишува Бушамауи во писмото до премиерот македонскиот премиер, а писмо со иста содржина испратила и до Алексис Ципрас.

SHARE

Оставете коментар